Дали знаета каде во Европа се точи најевтин бензин и дизел во моментов?
Според актуелните цени најевтино ќе можете да точите дизел во Азербејџан и тоа по цена од 0,30 евра за литар. Потоа следи Русија со цена од 0,52 евра за литар додека на третата позиција е Белорусија со 0,58 евра за литар.
Под едно евро за литар, дизелот се продава во точно 20 земји, а на листата според цената по растечки редослед, Македонија се наоѓа на 9. позиција.
Во Русија можете да наточите литар бензин за најмалку пари и тоа 0,52 евра. Потоа следи Белорусија со 0,58 евра за литар и Ерменија со 0,59 евра за литар. Под едно ево бензинот се продава во 13 земји, а Македонија е на 12. позиција.
Од друга страна најскапо бензинот се продава во Холандија и тоа за 1,69 евра за литар, Португалија 1,50 евра/литар и Норвешка 1,49 евра/литар. Дизелот најскапо се продава во Норвешка 1,40 евра/литар, Швајцарија 1,37 евра/литар и Албанија 1,36 евра/литар.