Еве ги првите слики од новиот Kia Sportage 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Подновениот Kia Sportage за 2025 година започнува да се продава во Јужна Кореја, со промени главно на предниот дел и внатрешноста...

Долгоочекуваниот фејслифт на Kia Sportage конечно беше претставен во неговата матична земја, благодарение на официјалната веб-страница на марката, на која беа ставени фотографии од освежениот SUV модел , внатре и надвор.

Фејслифтот од петтата генерација на Sportage е лесно препознатлив по новиот преден дел, со поправоаголна решетка и вертикално развиени светлосни групи. Задниот дел исто така е изменет, со нов светлосен потпис внатре во светлата, кои остануваат практично непроменети во споредба со оние на неговиот претходник.

Промени на предната страна
Стилот на Kia Sportage 2025 се менува, особено напред, во склад со семејната сличност на другите нови модели на Kia како што е Sorento, благодарение на целосно новата вертикално развиена оптика (Starmap Signature Lighting) и повисокиот преден дел со новата решетка со вертикално прорези (дупчиња).

Дизајнот на алуминиумските тркала е исто така нов, нов е и задниот дел, кои се карактеризира со редизајниран браник и модифицирани светла кои за прв пат, исто така, имаат анимација кога се отвораат.

Нова табла, волан, екран и отвори за проветрување
Во внатрешноста на новата Kia има нова, повеќе хоризонтална контролна табла со нови отвори за воздух, редизајниран волан и широк заоблен екран во кој се сместени инструментите и информативно забавниот систем со нов оперативен систем.

Покрај тоа, склопувачките ретровизори, 3D камерата, помошникот за промена на лентата на автопатите и системот за итно сопирање кој исто така ги открива – детектира мотоциклите, се меѓу најновите помагала за возачот.

Моторите
Во однос на моторите, јужнокорејскиот пазар нуди 1,6-литарски турбо бензинец со 180 КС, за прв пат поврзан со автоматска трансмисија со конвертор на вртежен момент и неговата блага хибридна варијанта од 180 КС, која се одликува со двојна шест степен -автоматски менувач со спојка. И двете се достапни со погон на предните или на сите тркала.

На домашниот пазар во Јужна Кореја е достапна и верзија со двојно гориво/ТНГ со 2,0-литарски мотор со 146 КС и погон на предните тркала. Во останатиот дел од светот, вклучувајќи ги Европа и Велика Британија, се очекува да бидат понудени и целосно хибридни и plug-in хибридни (PHEV) верзии, додека сè уште не е познато дали повторно ќе се нуди дизел благ (mild)-хибридна верзија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK