EuroNCAP со прв тест годинава – Polester 2 и Cupra Formentor добија високи оценки (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Cupra Formentor и Polestar 2 се првите две возила кои се најдоа на краш тестот на EuroNCAP за оваа година. Станува збор за први објавени краш тестови кои се со сосема очекуван исход.

Cupra Formentor најдобар скор освои во однос на безбедноста на возрасните од 93%. Скорот во однос на безбедноста на децата изнесува 88% додека во безбедноста на пешаците 68%. Одлични 80% освои во однос на безбедносната асистенција на возачот.

Видеото од краш тестот на овој модел е прикажано во продолжение, а со овој скор, Formentor е најбезбедниот модел на Cupra.

И Polestar 2 успешно го помина тестот. Доколку се прави споредба со Cupra Formentor, тогаш шведско-кинескиот автомобил е за нијанса побезбеден. Скорот во однос на безбедноста на возачот изнесува 92%, а 89% освои во безбедноста на децата. Во однос на безбедноста на патниците оствари скор од 80% додека во однос на безбедносната асистенција 86%.

Polestar 2 е првиот модел на овој производител кој се најде на краш тестот на EuroNCAP.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK