Euro NCAP му додели на Nissan LEAF пет ѕвезди (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Независната агенција Euro NCAP објави дека новата генерација на Nissan LEAF го повтори успехот на својот претходник од 2011 година. Тој беше првиот целосно електричен автомобил кој доби оценка од 5 ѕвезди за време на краш тестовите.

Успехот на новаа генерација на Nissan LEAF има уште поимпресивни димензии, а се работи за првиот автомобил оценет според обновените и уште построги стандарди на Euro NCAP за 2018 година.

Првпат за време на оценувањата биле земани предвид и системи за препознавање на велосипедисти со функција за автоматско дејствување на сопирачките. Друга новина е посериозната оценка на системите за препознавање на пешаци, а под истрага биле земани показателите од работата во темница и на дневна светлина.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK