ЕУ потврди – сите електрични автомобили мора да емитираат звук

ОБЈАВЕНО НА:

Она што и од претходно се најавуваше сега доби и официјализација. Имено, Европската Унија го усвои решенението според кое сите електрични автомобили мора да емитираат звук. Решението стапува на сила од 1 јули годинава кога сите нови електрични автомобили ќе мора да емитираат вештачки звук.

Овој вештачки звук именуван како AVAS (Acoustic Vehicle Alert System) ќе се активира кога електричните автомобили ќе се движат со брзина поголема од 20км/ч, а според прописите ќе треба да емитираат звук од 56 dB.

Целта поради која се воведува ова е за зголемување на безбедноста. Имено електричните автомобили и при големи брзини се безчујни, па поради тоа се опасност за пешаците и другите актери во сообраќајот.

Стапувањето на сила на овој прпис не треба да предизвика големи проблеми кај производителите. Веќе голем дел од електричните автомобили како што се Renault Zoe, Mitsubishi Outlander PHEV и Jaguar I-Pace имаат вградени емитери на звук.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK