ЕУ: Пораст на продажбата на нови автомобили, VW најпродаван бренд во април

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови автомобили во минатиот месец пораснала за 9,6 отсто во споредба со истиот перод лани. Ова го покажуваат последните официјални податоци за продажбата за април годинава во Европската Унија.

Најмногу нови автомобили се продадени во Германија и тоа 314.055 автомобили што е пораст од 8% во однос на истиот месец минатата година. По Германија, најмногу нови автомобили се продадени во Франција и тоа 187.390 додека на третата позиција според бројот на продажба на нови автомобили се наоѓа Италија со 171.379 автомобили. Процентуално, најголем пораст има во Унгарија и Литванија.

Во овие две земји од ЕУ, во април оваа година во однос на април минатата година забележан е пораст на продажбата на нови автомобили за 38.9%. Од друга страна, само во Кипар е забележано намалување на продажбата во април. Така оваа година во апил, продадени се 1.058 автомобили додека минатата година истиот месец продадени се 1.088 нови автомобили.

И овој месец како и претходните три оваа година, на листата на најпродаван бренд во Европската Унија е Volkswagen. Така во текот на април продадени се 158.228 нови Volkswagen автомобили што е пораст за 19.6% во однос на истиот период минатата година. На втората позиција се наоѓа Renault со продадени 94.171 автомобили додека на третата позиција се наоѓа Peugeot со продадени 85.729 автомобили.

На ниво на компанија, VW групацијата сеуште е лидер во продажбата со продадени 335.518 нови автомобили во април, додека на втората позиција се наоѓа PSA групацијата со 212.534 автомобили, а на третата позиција Renault групацијата со продадени 140.562 автомобили. Најдобрата петорка ја сочинуваат уште Ford и FCA со продадени 86.252 односно 89.461 автомобили.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK