ЕУ нуди укинување на царината за авто делови од Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Европската Унија е подготвена да предложи веднаш укинување на увозните тарифи на поголемиот број на јапонски делови за автомобилите како дел од трговскит епреговори што се во тек, пишува весникот Никеи. За возврат, ЕУ ја поттикнува Јапонија да намалување или укинување на увозните тарифи на земјоделските производи, на свинското месо, сирењето и виното. Но проблем е што на јапонската политична сцена има голема опструкција против отворање на тие подрачја за надворешна конкуренција.

Во моментов ЕУ има наметнато царина од 3-4 отсто на автомобилските делови, и 10 отсто за автомобилите произведени и увезени од Јапонија. ЕУ е подготвена да укине повеќе од 90 отсто од царината за автомобилските делови, откако договорот биде потпишан.

Јапонија и ЕУ преговараат за овој договор за економска соработка од 2013 година заради приближување на билатералната трговија и елиминирање на тарифите и подобрување на правилата за вложувања. Јапонија сака во рок од седум години да бидат целосно укинати сите царински и давачки, а ЕУ сака да има повеќе од 10 години за да ги укине.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK