ЕУ ги менува еколошките прописи: Поскапуваат возилата!

ОБЈАВЕНО НА:

Пратениците во Европскиот парламент дале зелено светло на амбициозните цели во борбата за еколошки чисти возила на европските патишта. Според предлогот што бил прифатен со 389 гласови ЗА, 239 против и 41 воздржан треба до 2025 година кај новите автомобили емисијата на ЦО2 треба да се намали за 20 отсто, а до 2030 година за 40 отсто. Слични цели се поставени и за лесните товарни возила.

Производителите чија просечка емисија на ЦО2 ќе ги надминува поставените цели ќе треба да платат парична казна, а тие средства ќе се користат за дополнителн аобука на работниците кои се погодени со промените во автомобилскиот сектор.

Исто така производителите на автомобили ќе мора да обезбедат пазарен дел на возила кои испуштаат помалку од 50 грама ЦО2 на километар, и тоа од 20 отсто. Тоа треба да биде до 2025 година. А до 2030 година тој процент треба да се зголеми на 40 отсто.

Европскиот парламент ја повика Европската комисија во рок од две години да направи планови за вистински тестирање на емисиите на ЦО2 со помош на преносен систем, како оној воведен за NOx. Дотогаш емисијата на ЦО2 мора да се мери со помош на податоци за потрошувачката на гориво на автомобилите. Европските парламентарци додаваат дека испитувањето на вистинските емисии во возењето мора да заживеат од 2023 година.

По 2025 година производителите на автомобили ќе мора да го пријават животниот циклус на емисијата на ЦО2 на новите автомобили кои се нудат на пазарот користејќи заедничка методологија.

А за да се постигне ова што се бара ќе мора многу повеќе да се вложи во нова технологија. Тоа подразбира и поскапување на возилата. особено што во многу држави цената и даноците што ги имаат возилата зависат токму од емисијата на ЦО2. Ако не се исполнат нормите тогаш ќе мора да им ависоки казни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK