Ем штедлив – ем со рекорд: Audi A6 мина 14 земји без да долее гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Додека траат дискусиите и убедувањата дека дизелските мотори се посклони кон загадување, истите докажуваат дека засега никој не може да ја достигне нивната штедливост. Тоа го покажува и најновиот успех на Audi A6 и тоа нормален сериски модел без дополнителни преправки. Неговиот возач успеал да мине 14 земји без притоа да долее гориво во резервоарот.

Се работи за 2.0 TDI мотор во возилото управувано од новинарот Ендрју Франкел заедно со Ребеке Џексон. Штедливиот премиум седaн минал 1.865 км. и непрекинато бил управуван 28 часа. Притоа минал низ 14 земји и тоа: Холандија, Унгарија, Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, БиХ и Србија.

Возилото се движело со просечна брзина од 80 км/ч со просечна потрошувачка од 3,7 литри на 100 км. што е подобро од просечните 4,2 литри колку што пишува во фабричките проспекти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK