Новото возило со име Bоаtеrhоmе е практично хибрид меѓу кампер и чамец. Ова е гаражен проект кој е составен уште во 1986 годинa, кој брзо станува доста популарен, а овој хибрид е произведен во 21 примерок.
Како основа се користи микробусот Fоrd Есоnоlinе, кој е со исечена рамка и продолжен заден дел, кој е специјална платформа за чамец. Најинтересното е интергирањето на пловниот дел со микробусот, со што стануваат како една целина.
Во внатрешниот дел се предвидени кујна со фрижидер, мијалник и микробранова печка. Има клима, бања, маси и кревети. Бродот се спушта на вода со помошен дел интегриран во превозното средство.
Bоаtеrhоmе е со три оски и со должина од 11 метри од кои 8,5 метри се паѓаат на чамецот.На суво максималната брзина е 160 км/ч, додека на вода е 64 км/ч. За повеќе детали најдобро е да го погледнете видеото и да се запознаете Bоаtеrhоmе.