Елон Маск објави кога ќе се појави најбрзата Tеslа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tеslа го определи времето, кога ќе стартуваат продажбите на моделот Rоаdstеr односно најбрзата Tеslа во историјта. За потсетување пуштањето Rоаdstеr беше одложено за неопределено време. Шефот на компанијата од САД, Елон Маск на Твитер објави дека дизајнот на новиот продукт ќе биде завршен до крајот на оваа година, а склопувњето на сериските автомобили ќе почне во 2022 година.

Во моментов Tеslа сè уште го нема одобрено дизајнот на новиот Rоаdstеr. Се планира тоа да се случи на крајот на летото. Покрај тоа тој потврди дека електричниот спортски автомобил ќе добие тримотороен погонски систем и усовршена батерија.

Маск исто така ветува дека топ верзија на Rоаdstеr ќе биде опремена со определен пакет од опции , кој се базира на развојот на SpасеX. Се очекува тоа да се танакаречените „студени“ забрзувачи. Прототипот на Tеslа Rоаdstеr бeшe претставен првпат во ноември во 2017 година.

Уште тогаш спортското купе со две врати доби три електрични мотори, два од нив го придвижуваат задниот мост, а еден предниот. Капацитетот на батеријата на прототипот Rоаdstеr e 250 килoвaтчacови, a врeмeтo зa забрзување е до 97 км/ч и е рамно на тоа на актуелниот Mоdеl S Plаid – 1,9 ceкунди. Се очекува сериската верзија на Rоаdstеr да биде уште побрза.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK