Според последните информации најверојатно Елон Маск во својот возен парк го приклучи и новиот Cybertruck, а веќе го тестираше и на улиците на Лос Анџелес.
До пред неколку денови вљубениците во Tesla производите можеа да сведочат само на појавувањето на прототипот на Cybertruck за да може во текот на последните неколку денови да се појави и на улиците на Лос Анџелес. Новиот Tesla камионет од 0 до 96 километри на час успева да стигне за само 2,9 секунди, а на тој начин може да вози преку шест тони товар. Тука се и три типа на батерии, а „најслабата“ овозможува со едно полнење да се минат преку 400 километри, а најсилната дури и преку 800.
Дизајнот е сè, само не традиционален, па се претпоставува дека Cybertruck нема да ги заинтересира „обичните“ вљубеници на камиони туку оние кои бараат нешто ново, а сакаат да ја смалат и емисијата на јаглерод диоксид.
Тоа можеби не е ни важно, со оглед на тоа што маск веќе порано најави дека камионот е креиран за воени потреби, но таа намена изгледа е преформулирана, па сега камионот е погоден и за возење во градски услови.
Набљудувачите заклучиле дека Cybertruck добил нови фарови, со оглед на тоа што тие кои можеле да се видат во тек на презентацијата не биле во склад со сообраќајните прописи, па се претпоставува дека во иднина се очекуваа уште измени.
Маск обично вози Tesla Model S и никогаш порано не користел некое од напредните возила на Tesla. Со оглед на тоа дека можело да се слушне дека Cybertruck успеал да дојде до врвот на листата на неговите омилени Tesla производи се препоставува дека ова возило и понатаму ќе се појавува на улиците и тоа пред масовното производство кое е планирано за 2021 година.