Понудата на мали микро автомобили во различен облик е сè поголема со релативно ниска потрошувачка на гориво. Новитетите на таквите врсти доаѓаат главно од Кина, Индија и други пазари во брз развој со исклучително евтина работна сила. Станува збор за трициклот Елио кој е произведен од фабриката Elio Motors со седиште во САД. Се работи за нов автомобил со три тркала кој го замисли и го конструираше Пол Елио, основач на компанијата Elio Motors.
Елио е трицикл со затворена каросерија, која има обележја како и обичен патнички автомобил. Го движи мал 0.9-литарски трицилиндричен бензински мотор со вбризгување на гориво со најголема сила од 55 коњски сили. Моторот се лади со вода, а за пренос на силата се користи рачен менувач со пет степени на пренос или автоматски менувач, што вклучува и рикверц. До стотка се стига за 9,6 секунди, а најголема брзина е 160 км/ч.
Американскиот производител сака да го рекламира својот производ со податок дека со резервоарот за гориво од 30 литри, трициклот може да помине 1.086 километри што е одалеченост меѓу градовите Њујорк и Детроит. Тоа значи дека просечната потрошувачка на овој трицикл е околу 2,767 литри на 100 километри. Во сериската опрема се наоѓаат: клима уред, три воздушни перничиња, електрични прозори, серво волан, греење и одмрзнување, радио и затемнети термо стакла.
Елио е трицикл кој има мотор сместен однапред и кој ги движи предните тркала, со што е постигнат низок центар на гравитација. На сите три тркала се диск кочници и АВЅ уред. Елио трициклот има цена од 6.800 долари, а Elio Motors досега има примено 12.340 резервации од потенцијалните купувачи.
Планирано е годишно да се произведуваат 250.000 примероци годишно, кои би се пласирале на пазарот во САД, но и за извоз низ целиот свет. Гаранцијата е три години или 58.000 километри. Тоа беше планот, а сега во време на корона сето ова е под голем прашалник.