Автомобилите добиваат сè поголема компјутеризација, а електронските асистенти стануваат сè попопуларни. Сепак, експериментот покажа дека засега тие се далеку од совршени. Овие заклучоци се донесени од страна на експерти од Американската асоцијација за автомобили (ААА), кои тестигаа Сhеvrоlеt Mаlibu, Hоndа Ассоrd, Tеslа Mоdеl 3 и Tоyоtа Саmry, опремени со систем за екстремно запирање кој е достапен ако има пешак пред автомобилот.
Aвтoмoбилитe се подложени на серија од тестирања, за време на кои се симулирани неколку типични сценарија со пешаци.
Меѓу тие ситуации се: Кога пешак наеднаш се појавува пред автомобил, дете кое претрчува пред автомобил излагајќи меѓу паркирани возила покрај патот и пешак кој го пресекува патот на автомобилот и врти десно.
Од ААА велат дека еден од најдобрите резултати на системот е покажан при брзина на превозното средство од 30 км/ч. При ова сценарио „електронскиот асистент“ успева да помогне при 40% од ударите на пешаци. Кога брзината е зголемена до 50 км/ч тогаш „повеќето системи не можат да го избегнат судирот“.
Најлошиот резултат е регистриран во текот на ноќта. Според ААА, во темница системите не можат да ги идентификуваат пешаците на патот и да го активираат сопирачкиот систем.
И покрај разочарувачките резултати, ААА го поддржува развојот на системот и побра од производителите на автомобили да ја подобрат својата работа. Експертите забележуваат дека во САД смртноста на ешаците се зголемила од 2010 година наваму, откако приближно 6.000 пешаци го губат својот живот на патиштата.