Eлeктрoмoбилитe ќе остават илјадници луѓе без работа

ОБЈАВЕНО НА:

Зголемувањето на производството на електромобили и хибриди ќе доведе до масовни отпуштања во фабриките каде што се склопуваат традициионалните автомобили со мотори со внатрешно согорување и во фабриките каде се произведуваат делови за истите. Ова е предупредување од страна на германската национална платформа за мобилноста на иднината.

Според оценката на организацијата до 2030 година само во Германија работа ќе загубат стотици илјади работници.

Во градот Родинг во Германија веќе е затворена фабриката Vitеsсо, каде што се произведуваат пумпи а горови, а како резултат на тоа биле скратени 540 работни места. Проблемот е во тоа што за изработката на автомобили со мотори со внатрешно согорување е потребна многу повеќе работна рака отколку што е случај со автомобилите на струја. Стручњаците сметаат дека со намалувањето на класичното производство на автомобили во Германија ќе бидат затворени дури 400.000 работни места.

Германската влада презема мерки за поддршка на вработените кои добиваат откази. Тие ќе можат да сметат на дополнителна помош додека не најдат нова работа. Државата ќе им плажа за курсеви за подобрување на квалификациите.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK