Електромобили во CCCР се правеле уште прeд 70 гoдини

ОБЈАВЕНО НА:

Иако е тешко да се поверува, сепак, е факт дека електромобилите во денешна Украина се правеле и пред 70 години. Тогаш се продавале во мали серии, а еден од нив е и ЛАЗ-750, кој се појавил на светот во 1947 година.

Електромобилот е направен во соработка со фабриката за автобуси во Лвов и инстутот НАМИ. Неколку серии од по 20 микроавтобуси се пуштени на пазарот, а во поранешниот Ленинград со такви електромобили се разнесувала пошта.

Електромобилот има можност за носење на товар од 500 килограми, а во движење користи електромотор со моќност од 4 коњски сили, кој дозволува максимална брзина до 30 км/ч. Главниот акумулаторен блок е доволен за да бидат поминато од 50 до 60 километри.

Како резултат на тоа се појавува подобрена верзија на ЛАЗ-НАМИ-751, која се карактеризира со двојно помоќен електромотор. Овој автомобил развива брзина од 35 км/ч и со едно полнење може да помине растојание од 60-70 километри.

Интересно е и тоа дека во конструкцијата на ретро електромобилот се користи дрво, но поради тоа, автомобилите не се долговечни. До денес не е зачуван ниту еден примерок.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK