Електричното Audi RS3 со моќност од 1200 коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерската компанија од Германија, Schaeffler, која е еден од партнерите на Audi во светскиот шампионат на електрични болиди Формула Е, го претстави електричниот прототип 4ePerformance, кој е базиран на спортскиот седан RS3.

Разликата е во тоа што електричната верзија на RS3 веќе има моќност од 1200 коњски сили,  а има добиено нов аеродинамичен пакет, вклучувајќи и пошироки браници, а 2.5-литарскиот турбо мотор е заменет од четири електромотори, од болидот на Audi во Формула Е.

Станува збор за електромотори, користени од тимот во текот на сезоната 2016-2017, а тие се распределени по два на предната и два на задната оска. Секој од нив има моќнот од 299 коњски сили и 320 Nm максимален вртежен момент. Со други зборови моќноста е 1200 коњски сили без четири – 1196.

Овие дела на Schaeffler – 4ePerformance, забрзуваат од 0 до 200 км/ч за помалку од седум секунди, а тоа е побро од Ferrari 488 Pista. Инакум енергијата на електромоторите доаѓа од батеријата со моќност од 64 киловат часови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK