Tesla и Nissan подолго време ги диктираат трендовите во електричните возила поради што имаат и најголем пазарен удел во тој сегмент.
За разлика од нивните возила кои се продаваат по цена поголема од 20 илјади евра, во Кина постои и електрично возило чија цена е под 4 илјади евра благодарение на што е и најпродавано во Кина.
Станува збор за возиото Wuling Hong Guang кое се продава по цена од 4.200 американски долари, а кое само минатиот месец е продадено во 15 илјади примероци со што го надмина моделот 3 на Tesla во поглед на месечната продажба.
Колку пари толку музика, па така и за овие пари не добивате воздушни перничиња, а за клима треба да се плати дополнително. Но, иако димензионално мал, со едно полнење на батериите може да се помине 200 километри што воопшто не е лошо.