Електрично такси од Лондон до Париз ве носи за 1 час

ОБЈАВЕНО НА:

Новата германска компанија Lilium развива целосно електричнo такси кое ќе го мине растојанието од Лондон до Париз за само еден час. Не станува збор за автомобил, туку превозот е во воздух. Lilium Jet ќе може да превезува 5 лица во авионот, и со едно полнење ќе лета еден час со брзина од над 290 км/ч. Ова темпо му овозможува да лета од британската престолнина Лондон до Париз за 60 минути.

Патниците на мини-авион ќе можат да го изберат местото за слетување кое ќе биде најблиску до нивната крајна цел со користење на специјално дизајнирана технологија. Иако авионот е беспилотно, компанијата планира да има пилот внатре.

Компанијата веќе обезбеди 90 милиони долари за финансирање на проектот и се очекува да биде во функција во 2019 година. Lilium планира да го зголеми својот тим на повеќе од 70 луѓе, пишува The Verge.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK