Електричните се самозапалуваат: Hyundai Kona Electric експлодираше во Канада (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот Hyundai Kona се запали и експлодираше во гаража во Монтреал, а ова го пренесуваат медиумите од Канада. Во моментот кога се случила експлозијата, автомобилот бил на полнач, а пожарникарите не успеале да ја пронајдат причината која за експлозијата.

„Hyundai Motor соработува со властите во Канада, за да може полесно да се пронајде суштинската причина за пожарот“, стои во соопштението од компанијата.

Оттаму нагласуваат дека безбедноста на клиентите е на прво место и дека ќе се потрудат што побрзо да откријат каде е проблемот. Иинформациите велат дека во инцидентот немало повредени, а истиот сопственикот го купил во март.

Kona Electric не е првиот електричен модел кој експлодираше во оваа година. Моделот на Tesla S се запали во април во Кина, додека Jaguar I-Pace предизвика пожар во Холандија откако се запали во близина на куќата на сопственикот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK