вторник, 25 декември, 2025 година

Електричните автомобили во Кина се толку евтини што и Си Џинпинг е загрижен

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Додека електричните автомобили стануваат се подостапни за купувачите, кинеската влада се соочува со економскиот парадокс на „премногу добро да биде вистинито“. Регулации и нови правила се веќе на маса, а глобалниот пазар – особено европскиот – ќе биде клучен вентил за оваа електрична експанзија. Владата предупреди производители на автомобили поради ценовната војна – можно е воведување регулативи

Ценовната војна на пазарот на електрични возила (EV) во Кина достигна такво ниво, што загриженост изрази и самиот претседател Си Џинпинг. Неговата влада официјално предупреди неколку производители поради препроизводство и ненормално ниски цени, кои почнуваат да го загрозуваат економскиот раст на земјата.

- Advertisement -

ЕВ под 8.000 долар – евтини, но по која цена?
Најексплицитен пример е BYD Seagull, кој во Кина чини само 7.800 долари, додека истиот модел, под името Dolphin Surf, во Европа се продава за над 26.000 долари. Дури и кога ќе се земат предвид увозните давачки, разликата е драматична.

Проблемот не е само во цените – огромен број на производители (околу 50) се борат за опстанок, а многумина од нив не се профитабилни. Во април, индустрискиот просек на попусти бил 17%, двојно повеќе од минатогодишните 8%.

Владата на Си ќе интервенира – ако треба и со закон
Кинеската влада разгледува измени во законите за цените, кои би им забраниле на производителите да поставуваат неприродно ниски цени. Истовремено, неколку компании, меѓу кои и BYD, биле повикани на состанок со државни претставници каде добиле предупредување за премногу производство и низок капацитет на искористеност на фабриките – кај некои дури и под 2%“.

Извозот како решение за вишокот
За да избегне колапс на домашниот пазар, Кина активно промовира извоз на електрични возила, што веќе дава резултати. Кинеските брендови во моментов сочинуваат 5,1% од сите новорегистрирани возила во Европа – бројка што се очекува значително да расте.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја