Електричните автомобили на Skoda доминираат во Чешка

ОБЈАВЕНО НА:

Стратегијата на Volkswagen Групацијата за станување лидер во сегментите на електричните автомобили полека дава резултати.

Почнувајќи од своите локални односно национални пазари, брендовите во рамките на оваа Групација стануваат бестселери во однос на електричните автомобили. Последен пример за тоа е Skoda, бренд кој оствари најголема продажба на електрични автомобили во јануари во својата матична земја, Чешка.

Во јануари годинава во споредба со истиот месец минатата година, продажбата на електрични автомобили во Чешка се зголеми за шест пати забележувајќи продажба од 619 електрични возила.

При тоа најпродаван електричен автомобил со продадени 254 примероци и пазарно учество од 41% е Skoda Citigo EV, па потоа со 174 примероци и 28% пазарно учество се најде Skoda Superb PHEV.

На третата и четвртата позиција се најода два автомобили на Hyundai. Станува збор за моделите Ioniq Electric со 63 продадени примероци и Kona EV со продадени 14 примероци. Tesla на овој централноевропски пазар успеа да пласира само 10 автомобили, а во седум примероци беа продадени и BMW i3, BMW X5 PHEV, Renault Zoe, Mitsubishi Outlander PHEV и VW Passat GTE.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK