Електричниот Тesla емитува повеќе CO2 од Mitsubishi Mirage

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот автомобил Tesla Model S има емисија на CO2 од 226 грама на поминат километар што е изненадувачки висок резултат и поголем од оној на малиот Mitsubishi Mirage.

Американскиот MIT (Massachusetts Institute of Technology) направи истражување во кој ги споредуваше животните циклуси на три автомоболи. Се работеше за ВМW S7, Mitsubishi Mirage и Tesla Model S.

Сосема неочекувано најприфатлив резулат за емислија на CO2 покажа Mitsubishi Mirage познат како Space Star кој имаше 192г/км, додека втор беше Tesla Model S (226г/км), додека трет очекувано беше автомобилот на BMW со 385 г/км.

Резултатот на лимузината на Тесла е изненадувачки бидејќи се сметаше дека тој не емитува CO2 со оглед на тоа што се работи за електричен автомобил. Сепак, електричните автомобили не емитуваат јаглерод диоксид за време на возење, но и тоа како го создаваат во производството на автомобилот, како и во натамошното одржување. Токму овие податоци и беа земени предвид од страна на МIT.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK