Електричниот СУВ – Volkswagen ID.4 доаѓа годинава (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијaта Volkswagen откри нови детали за првиот во историјата целосно електричен СУВ, модел ID.4 и објави дека автомобилот ќе биде лансиран на пазарот во текот на оваа година.

Развиен на базата на модулната платформа за електрични автомобили MEB, Volkswagen ID.4 ќе се произведува и продава во Европа, Кина и САД, а во зависност од модификацијата ќе нуди автономија до 500 километри.

Интерeсна карактеристика за Volkswagen ID.4 е таа што при лансирањето на пазарот ќе се нуди во верзија со заден погон, а модификацијата со погон на сите тркала ќе биде пуштена во подоцнежните етапи.

ID.4 е следниот чекор на Volkswagen кон електрификација на понудата, која собира сила со секој претставен нов автомобил на брндот. Само пред неколку дена брендот ја претстави новата суперспортска верзија R на Touareg,  Touareg R, која е опремена со хибриден (plug-in) погонски систем.

Таа е во состојба да генерира максимална моќност од 462 коњски сили и максимален вртежен момент од 700 Нм, и нуди можност за движење во чисто електричен режим со брзина на движење до 140 км/ч, благодарение на електромоторот и батерискиот блок со капацитет од  14.1 kWh.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK