Електричниот Porsche главна ѕвезда во “Playmobil: The Movie”

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот електричен автомобил на Porsche, Mission Е чија продукциска верзија е позната под името Taycan е дел од анимираниот филм “Playmobil: The Movie”. Ова може да се види од објавениот трејлерот каде овој автомобил е верен сопатник на главниот јунак.

Филмот за чије креирање потрошени се 75 милиони американски долари премиерно ќе биде прикажан на 7 август годинава во Франција, а е режиран од Лино ДиСалво, француски режисер кој е познат по бројните популарни анимирани филмови како што се Frozen, Bolt, Kangaroo Jack, 102 Dalmatians…

Што се однесува до самиот автомобил, тој е најмоќниот во историјата на германскиот производител. Располага со 600 КС благодарение на кои до 100 км/ч развива за само 3.5 секунди.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK