Електричниот Polestar Precept влегува во производство

ОБЈАВЕНО НА:

Дека Polestar е повеќе од сериозен бренд и бренд со големи амбиции покажува и последната одлука според која моделот Precept влегува во производство.

Овој модел како концептно возило беше претставено на 25 февруари годинава како плод на Volvo Cars и Geely. Премиерата требаше да се случи на саемот во Женева, но поради пандемијата истата беше одложена.

Сега овој електричен автомобил е во последната фаза пред почетокот на производството кое стартува уште годинава, а деновиве се очекуваат и нарачките.

Според Томас Ингенлат, првиот човек на овој бренд кој е во рамките на Geely, овој автомобил е целосно еколошки пријателски настроен, не само поради електричниот погон туку и поради материјалите од кој е направен, а кои се целосно рециклирани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK