Електричниот Peugeot 208 го помина тестот “еленски скок” (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот магазин КМ77 веќе подолго време го спроведува тестот „еленски скок“ на автомобилите. Во последниот тест главната улога ја имаше Peugeot e-208.

Овој мал градски автомобил го помина тестот со брзина од 77 км/ч, откако претходно неколку пати неуспешно заврши со брзина од 78 км/ч, 80 км/ч и 81 км/ч.

Ова е одлична брзина ако се знае дека Mercedes-Benz CLA 200 ги помина сите препреки при брзина од 66 км/ч, Volkswagn Golf при брзина од 69 км/ч, Ford Focus при брзина од 78 км/ч…

Видеото од тестот можете да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK