Електричниот Mercedes EQS со едно полнење ќе поминува 770 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Benz Cars објавија дека компанијата ја забрзува својата програма за електрификација на своето портфолио на модели.

Оваа година се појавува како одлучувачка за брендот, откако веќе после најавената 100% електрична EQA, деновите се броени до премиерата и на EQS. За флагманскиот електромобил, производството на батериите кое веќе почна и кое ќе ја прослави својата светска премиера на 15 април, од Mercedes-Benz најавуваат дека ќе биде во состојба да помине до 770 километри со едно полнење на акумулаторниот блок, а податоците се однесуваат за мерење според значително пореалниот WLTP стандард.

Од Mercedes-Benz исто така споделуваат дека до крајот на календарската 2021 година ќе може да се видат премиерите на исто така целосно електричните EQB и EQE, со што компанијата ќе има целосна понуда на електрични автомобили.

До крајот на оваа година ќе моѓе да се види и премиерата на концепциските електрични Citan и T-Class, дивизијата Daimler Trucks & Buses ќе стартува сериозно производство на eActros со автономија од над 200 километри, а во 2024 година ќе биде лансиран и eActros LongHaul со слободен домет од околу 500 километри.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK