Која кажа дека електричните автомобили се помалку безбедни од оние, традиционалните? Последниот извештај кој го објави европската организација за тестирање на безбедноста на возилата, Euro NCAP потврдува дека електричниот EQC е супериорен во поглед на безбедноста.
Овој модел освои пет ѕвезди благодарение на одличните перформанси во сите четири тестирани параметри.
Најдобар скор оствари во поглед на безбедноста на возрасните односно возачот и тоа високи 96%. Одличен скор забележа и во поглед на безбедноста на децата односно патниците на задната клупа и тоа од 90%.
Во поглед на импактот врз пешаците и безбедносната асистенција, овој модел оствари идентичен скор од 75%.
Краш тестот на овој модел е прикажан во продолжение.