Електричниот оддел на Mercedes-Benz – Mercedes-EQ, започна со продажба на најновиот и најмалиот додаток во својата понуда – EQA. Електромобилот, кој ја одбележа светската премиера неодамна сега е достапен за порачка по цена од 47.540 евра во Германија во верзијата EQA 250, но таа може да биде намалена под 38.000 евра после одземањето на субвенциите на локалната самоуправа, како и оние од страна на самиот производител.
Од Mercedes објавуваат дека за ограничен период, достапна за нарачка ќе биде и пилот серијата Edition 1 на компактниот електромобил, кој иако е поскап за нешто над 8.500 евра нуди пакет Night Package, 20-инчни алуминиумски бандажи, исполнета внатрешност во црно, сини контрастни шевови на кожните седишта и панелите на вратите и други.
Електромобилот ќе има премиера во Германија во верзијата EQA 250 со моќност од 190 коњски сили и автономија од 426 километри (WLTP), но од Mercedes веќе објавија дека модификациското портфолио на EQA ќе биде развиено, откако ќе бидат додадени нови модификации, вклучително со четири погонски тркала, моќност од над 270 коњски сили и автономија од над 500 километри (NEDC).
Во стандардната опрема на Mercedes EQA се вклучени LED High Performance фарови со адаптивно управување, EASY-PACK задна врата со електронско управување, 18-инчни бандаи, систем за индиректно осветлување на внатрешноста со 64 бои, камера за рикверц, многуфункционален спортски волан со кожен тапацир, борд систем MBUX и други.