Електричниот Jaguar I-PACE стана уште подобар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот и 100% електричен луксузен СУВ, Jaguar I-PACE мина низ програмата за обновување и верзијата од 2020 година ветува дека на корисниците ќе им понуди значителни придобивки. Главните се поврзани со можноста за побрзо полнење, подобра поврзаност со околниот свет и новите технолошки решенија, а во тој дел и нов инфо-комуникациски и мултимедиски систем.

Jaguar I-PACE 2020 дебитира со новата Pivi Pro инфо-комуникациски и мултимедиски систем, за кој од компанијата велат дека работи на начин кој е познат од модерните смартфони, а базата е надградена со навигациска функција за самообучување со со приказ на најблиската станица за полнење, цена и време за полнење. Новиот систем комбинира 12,3 инчен инструментален екран и две секундарни (10 и 5 инчи), позиционирани еден над друг во средината на предната табла.

Со трифазен извор на енергија и станицата за полнење (11kW), сопствениците на I-PACE 2020 веќе можат да сметаат на дополнителни 53 километри за секој час полнење, а целосно полнење (до 470 километри) може да биде постигнато од целосно истрошена батерија за 8,6 часа.

I-PACE 2020, кој нуди моќност од 400 коњски сили, вртежен момент од 696 Нм и можност за забрзување од 0 до 96 км/ч за 4,5 секунди е опремен исто така и со систем за интернет поврзаност (Dual-modem SIM), можност за безжично полнење со мобилен телефон, Bluetooth поврзаност на два телефони едновремено, снабдување на внатрешноста со филтрација (PM2.5) и јонизација, дистанциско обновување на борд системот и неговите апликации и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK