Електричниот Ford Transit доаѓа на 12 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Ford официјално потврди дека за 2 недели – на 12 ноември, ќе биде премиерата на целосно електричната верзија на хитот на брендот, мултифункционалниот вак Transit. Првичните информации за електричната верзија беа објавени уште во април 2019, и беше најавено дека на европскиот пазар ќе стигне во 2021 година.

Според потврдата од компанијата, Е-Transit ќе пристигне на пазарот во време кога американските и другите потрошувачи ширум светот се подготвени да го реализираат потенцијалот на деловна еколошка испорака. Електричниот Transit ќе се прави во САД, и ќе се инвестираат повеќе од 11,5 милијарди долари во текот на 2022 година, и во истата фабрика ќе се прави и електричниот F-150.

Според проучувањето на компанијата спроведено во САД, Велика Британија и Германија, потрошувачите изразуваат зголемен ентузијазам за идејата за испорака, извршена од електрични возила. Повеќе од 60% од Американците и 68% од Британците се загрижени за влијанието врз животната средина на автомобилите за испорака, што е пораст од 12% во споредба со истражувањето спроведено претходно оваа година.

Повеќе од половина од анкетираните во трите земји изјавија дека претпочитаат испорака на електричен автомобил од онаа со мотор со внатрешно согорување ако цените и времето на испорака останат исти. 43% од Американците и скоро 50% од Британците се подготвени да почекаат малку подолго за испорака ако тоа се направи со електричен автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK