Една година откако Vespa објави дека работи на нејзината прва верзија на електричен мотор, матичната компанија Piaggio потврди дека ќе биде достапна за продажба во 2018 година. За жал, не е објавен ниту еден податок од спецификацијата, не се достапни ниту податоци за цената.
Vespa Elettrica ќе има досег од 100 километри. Како и повеќето електрични автомобили, издржливоста ќе биде флексибилна и ќе зависи од тоа како се вози. Од Piaggio велат дека Elettrica ќе има “извонредни перформанси” на скутер со 74 КС, а компанијата вели дека скутерот е “идеален за урбана средина”.
Ќе бидат потребни четири часа за да се наполни мотоциклот на редовна електрична мрежа. Компанијата предупреди дека по 1000 циклуси н аполнење, батеријата на скутерот ќе има само 80% капацитет.

Vespa Elettrica има 4.3-инчен дисплеј во боја помеѓу рачките на управувачот кој покажува информации како што се брзината и опсегот и нивото на полнење. Апликацијата Vespa Elettrica ќе им овозможи на корисниците да ги поврзат своите паметни телефони со скутерот преку Bluetooth за да можат да прикажуваат пораки и дојдовни телефонски повици. Апликацијата ќе може да пренесува дијагностички информации за скутерот, како и да ја пронајде на мапа.

Компанијата додаде дека купувачите ќе можат да го прилагодат својот електричен мотоцикл со избирање од седум различни бои. Во 2018 година, Vespa ќе издаде и хибридна верзија на Elettrica X со генератор на гас.








