Електричната верзија на Toyotа C-HR во продажба од мај

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот електричен автомобил од Toyotа, C-HR EV од заедничката кинеска компанија GAC-Toyota би требало да почне да се продава на локалниот пазар кон крајот на следниот месец. GAC-Toyota ја претстави финалната верзија на саемот на автомобили во Шангај во 2019 година. Почнувајќи од кинеското деби на електрифицираните C-HR и IZOA (близнакот на C-HR од втората кинеска компанија на Toyota).

Toyota очекува до 2025 година ширум светот да претстави повеќе од десет BEV модели, со продажна цел од 5,5 милиони електрифицирани автомобили на глобално ниво до 2030 година. Toyota вложува значителни средства за подготовка на производствените линии за електрични автомобили во двете кинески заеднички компании.

Министерството за индустрија и информатичка технологија кон крајот на минатата година објави фотографии од производствениот спектар на Toyota C-HR, кои го открија моделот одблизу. Веднаш може да се воочи единствениот затворен преден дел, нови браници, тркала, недостаток на ауспух и знакот на Toyota во сина нијанса кој визуелно ги издвојуваат електричните автомобили од другите модели на овој јапонски производител.

Според извештаите на кинеските медиуми во електричните GAC-Toyota C-HR EV е инсталиран погонски агрегат од 204 коњски сили којдобива сила од литиум-јонски пакет батерии. Toyota допрва треба да ги објави техничките карактерискити на овој автомобил кој веројатно ќе остане во кинески граници во блиска иднина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK