Во Hyundai не зборуваат многу, но работат многу вредно и постојано. Не само што стана синоним за квалитетен бренд туку веќе и во секторот на електрични и plug-in хибриди перманентно се докажува.
Освежената Kona Electric место досегашните 450 километри автономија со едно полнење ќе ја крене бројката на 484 изминати километри.
Порастот не е голем, но е постојан и го сместува овој модел во автомобилите од В сегментот со најголема автономија на електрична енергија.
Новата Kona Electric од март ќе се произведува во Чешка што значи дека веќе нема да биде оптоварена со административни трошоци и царина. На пазарот може да се очекува по цена од 34.000 евра во Европа.