Електричната Hyundai KONA чека на промоција во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Во Hyundai се решени да одговорат на побарувањата на своите клиенти и за таа цел веќе имаат разработен план и тоа за до 2020 година до кога треба да лансираат вкупно 15 нови еколошки модели. Тука ќе има возила кои ќе бидат целосно електрични, ќе има и plug-in хибриди, автомобили кои ќе користат водородно гориво и хибриди.

Според изјавите на претседателот на Hyundai Evropa, Хјунг Чонг Ким, десет од новите еко-возила од марката ќе бидат достапни за корисниците во Европа, со оглед на тоа што дури 60 проценти ќе бидат исто така достапни во повеќе еколошки модификации.

Од друга страна има најави и за следната стапка во развојот на Hyundai. Веќе е најавено и деби на целосно електричната верзија на новиот компактен СУВ модел KONA. Лансирањето на пазарот во Европа на овој електромобил ќе биде во текот на првата половина од годината.

Промоцијата на KONA Ќе биде на саемот во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK