Електричната Ariya e најаеродинамичниот кросовер на Nissan (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот оддел на Nissan објави нова информација за целосно новиот и 100% електричниот кросовер Ariya, кој ќе стане дел од локалниот пазар во текот на втората половина на годината.

Новата информација на Ariya е поврзана со аеродинамиката на купето, а според последните пресметки на Nissan, при појавата на пазарот овој електромобил ќе прерасне во најаеродинамичниот кросовер, кој брендот некогаш го пуштил во продажба, а тимот си поставил за цел коефициент од едвај 0.297 Cd.

За постигнувањето на овој резултат, кој од своја стрна е основен фактор за реализирањето на поголема автономија на движење не само кај електромобилите туку и кај сите транспортни средства како целина, екипата на Nissan го конфигурирала секој еден од елементите на надворешноста на автомобилот на „микроскопско ниво“ со детални испитувања на воздушниот тунел.

Nissan Ariya

Со футусистичкиот дизајн и просторен ентериер, NISSAN ARIYA ќе се нуди во две верзии со погон на две и четири тркала. И двете основни модификации ќе бидат достапни со батерии од 65 и 90 kWh, но верзијата 4WD ќе биде опремена со помоќни електрични мотори со моќност од 340 и 400 коњски сили. Варијантата со две погонски тркала ќе биде достапна со 218 и 242 коњски сили.

„После официјалната хомологација на Nissan Ariya подоцна во текот на оваа година очекуваме слободната километража да се подобри во споредба со 500-те километри кои ги споделивме за време на светската премиера во минатата година. Тоа ќе им даде на возачите подобра ефективност и увереност за изминување на подолги растојанија со едно полнење“, вели Марко Фиораванти, потпретседател на одделост Продукциско планирање на Nissan Европа.

Со футусистичкиот дизајн и просторен ентериер, NISSAN ARIYA ќе се нуди во две верзии со погон на две и четири тркала. И двете основни модификации ќе бидат достапни со батерии од 65 и 90 kWh, но верзијата 4WD ќе биде опремена со помоќни електрични мотори со моќност од 340 и 400 коњски сили. Варијантата со две погонски тркала ќе биде достапна со 218 и 242 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK