Електричниот кросовер Tesla Model X успеа да постави нов светски рекорд во влечење на авион. Овој автомобил влечеше Boeing 787-9 Dreamliner од компанијата Qantas. Постигнувањето за Гинисовата книга на рекорди беше постигнато на писта на аеродромот во Мелбурн.
Електричниот џип на Tesla успеа да го повлече авионот кој е тежок 130 тони на растојание од 300 метри. На тој начин Тесла Модел X стана првиот сериски електромобил во светот, кој успеал да повлече авион со ваков товар.
4х4 Tesla Model X се напојува од два електромотори со вкупна моќност од 700 коњски сили (930 Нм). За забрзување од место на елетричниот џип му се потребни само 2,9 секунди. Без полнење може да помине околу 480 километри.