Руската компанија Zetta е пред одлука за отпочнување на сериско производство на малиот електричен автомобил, прв на оваа руска компанија.
Оваа одлука ја соопшти Денис Шчуровски, генералниот директор на компанијата Zetta кој додаде дека цената на овој автомобил ќе изнесува 550 илјади рубљи односно 6.340 евра.
Истиот овој автомобил најпрво би се продавал во Русија, а потоа и во останатите европски земји, вклучувајќи ја и Македонија. Тоа значи дека овој автомобил ќе може да се купи за само 14,5 просечни македонски плати што воедно ќе биде најевтиниот електричен автомобил од тој ранг.
Техничките карактеристики покажуваат дека овој автомобил располага со батерија од 10 kWh која овозможува автономија од 100 километри.