Новата Elantra добива и спортска верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Откако овој месец беше претставена новата генерација од седанскиот модел Elantra, на интернет се појави и првиот рендер од спортската, N верзија.

Спортската изведба доаѓа кон крајот на оваа или почетокот на следната година, а според засега неофицијални информации ќе биде далеку помоќна од основната верзија.

Повикувајќи се на еминентните светски медиуми за автомобилизам, Elantra N под хаубата ќе има 2,0 литарски турбо бензински мотор чија максимална моќност ќе биде 275 КС. При тоа во внатрешноста ќе има и спортски педали, изменети седишта, а спортски детали ќе има и на надворешноста.

Инаку првата генерација на овој модел на јужнокорејскиот производител беше претставен во далечната 1990 година. Оттогаш па се до денес во континуитет е дел од понудата на Hyundai и е моделот со најголем стаж од актуелниоте модели во понудата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK