Експанзијата продолжува – Maserati ги најави новите Grecale и GranTurismo

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на моделот MC20, како и подновените Ghibli и Levante, Maserati продолжува со експанзијата најавувајќи два нови модели.

Италијанскиот производител го најави SUV моделот Grecale кој ќе биде позициониран под моделот Levante што значи ќе биде димензионално помал. Овој модел во производство ќе се појави следната година, а премиерата на продукциската верзија ќе треба да се одржи до крајот на оваа година.

За овој модел засега се знае дека ќе ја користи Giorgio платформата, но и дека ќе биде достапен во plug-in хибриден погон.

Најавени се и новите GranTurismo и GranCabrio кои ист така ќе бидат достапни и со електрифициран погон. Почетокот на производството на основната верзија е закажано за следната година во Торино, а година подоцна ќе бидат достапни и електричните верзии.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK