Не е несекојдневие да покрај производството на автомобили, автомобилските компании произведуваат, самостојно или заеднички и други производи. Така изминатите години бевме сведоци како Citroen произведува очила за сонце, Peugeot и Volkswagen велосипеди, Lancia електричен тротинет, Aston Martin виски итн.
Последен во низата производители кој може да се пофали со диверзификација на своето бизнис портфолио е Porsche. Германскиот производител заедно со TAG Heuer заеднички го дизајнираа и развија часовникот TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph.
Станува збор за часовник во сива, црна и црвена боја, комбинација на бои по кои е препознатлив Porsche. На самиот часовник има изгравиран натпис “Porsche”. Користени се бројни квалитетни компоненти, а овој часовник доаѓа и со црн каиш од луксузна телешка кожа. Фонтот на бројките е идентичен како и оној кој се користи на инструменталната табла на Porsche автомобилите.
Ќе бидат произведени само 80 примероци од овој часовник. При тоа, оној со кожен каиш ќе се продава за 5.550 евра, додека оној со метален по цена од 5.700 евра.