Поборниците за заштита на природата составија список на автомобилски производители, кои најмногу ја загадуваат атмосферата. Според податоците на Greanpeace, во 2018 година вкупното количество на автомобилските емисии на СО2 во светот достигнаа 9% од сите гасови на пара на човештвото – 4,8 гигатони СО2. Авторите на истражувањето потцртуваа дека тоа се повеќе од сите емисии за Европа за истиот период .
Лидер во тој рејтинг е германскиот конценр Volkswagen. Во 2018 година автомобилите од групацијата исфрлиле 582 милиони тони СО2 во атмосферата. Второто место го зазема Renault-Nissan (577 милиони тони), а на 3. место е Toyota (562 милиони тони). Списокот со „највалканите“ компании се дополнува од General Motors (530 милиони тони), Hyundai-Kia (401 милиони тони), Ford (346 милиони тони), FCA (305 милиони тони), Honda (283 милиони тони), PSA (201 милиони тони) и Suzuki (164 милиони тони).
Еколозите одбележуваат дека само на компаниите од Топ 5 на списокот се паѓаат близу 55% од вкупниот обем на стаклени гасови. Во 2018 година само автомобилите на коцернот Volkswagen исфрлиле повеќе штетни гасови во атмосферата од цела Австралија.
Ситуацијата се влошува поради зголеменото барање на кросовери и СУВ: само во последните десет години бројот на овие автомобили, продадени во Европа, се зголемил тројно – од 8% во 2018 година на 32% во 2018 година. Во исто веме хибридите не го решаваат, туку само го маскираат проблемот. Основниот мотор на тие автомобили и понатаму останува бензиновиот или дизеловиот.