Египќаните ги бојкотираат новите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Кампањата, која ги повикува Египќаните да не купуваат нови автомобили бидејќи се премногу скапи, се одрази на продажбите и доведе до намалување на цените, но тоа е недоволно за демонстрaнтите. Населението во Египет е над 98 милиони и пазарот има потенцијал да биде важен и голем, но практично многу мал број на Египќани тежнеат кон тоа да имаат сопствен автомобил.

Најпопуларните нови модели на локалниот пазар чинат меѓу 200.000 и 300.000 египетски фунти (меѓу 11.500 и 20.000 долари), што е десетпати повеќе од средната годишна плата на државен службеник во зејата, кој зема по 3.000 фунти месечно.

Движењето за поевтини автомобили стартуваше пред неколку години под слоганот „Да рѓосаат“. Автомобилите да останат кај дилерите и да рѓосаа. Доби замав на крајот на минатата година, иако од 1 јануари за автомобилите кои се внесени од Европа не се плаќаат давачки.

Ова доведе до пад на цените, но демонстрантите сè уште не се задоволни. Тие ги обвинуваат дилерите дека премногу ги кренале цените откако египетската фунта имаше сериозна девалвација во однос на американскиот долар во ноември во 2016 година.

Според неколку дилери на автомобилите во Каиро, цените на новите возила паднале од 20.000 до 40.000 фунти (1500 до 2300 долари), а кај луксузните возила падот е од 100.000 до 150.000 фунти. Сепак, клиентите уште не се враќаат кај продавачите.

Пазарот во Египет има пад од 42 проценти во јануари во однос на последниот месец од минатата година, од 19.804 на 11.460. Во споредба со јануари 2018, пак има пораст од 10,8’%, но „Да рѓосаат“ навистина зема замав во 2018 година.

Дилерите веќе ги имаат заборавено одличните времиња меѓу 2012 и 2017 година кога бројот на автомобили во Египет порасна за 50% односно за 9,9 милиони, но во 2016 година растот почна сериозно да забавува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK