сабота, 25 декември, 2025 година

Европа се повлекува од целосната забрана на мотори со внатрешно согорување – се враќа „технолошкиот неутралитет“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По месеци притисоци од автомобилските гиганти и неколку влади на земји членки, Европската комисија официјално најави дека ќе го забрза прегледот на забраната за возила со мотор со внатрешно согорување која требаше целосно да стапи во сила во 2035 година.

Одлуката ја објави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, која потврди дека прегледот на регулативата ќе биде завршен до крајот на годинава, наместо во 2026, како што првично беше планирано. Овој потег претставува значајна отстапка од дотогашната „само-електрична“ стратегија и враќа во игра алтернативни технологии.

- Advertisement -

„Во новиот преглед ќе ја оцениме улогата на горивата со нулта и ниски емисии – како што се е-горивата (e-fuels) и напредните биогорива – во транзицијата кон транспорт со нулти емисии,“ изјави Фон дер Лајен.

Ова значи дека Европа не се откажува од електричната иднина, но ја отвора вратата за технолошки неутрален пристап — стратегија што дозволува повеќе решенија паралелно: електрични автомобили, хибриди и нова генерација на мотори со внатрешно согорување што користат нискојаглеродни горива.

Одлуката доаѓа во момент кога многу европски брендови веќе се повлекуваат од плановите за целосна електрификација.

  • Porsche веќе најави дека ќе задржи SUV модели со класични мотори.

  • Alfa Romeo го одложи преминот кон целосна електрификација на новиот Stelvio.

  • Lancia потврди дека новата Gamma ќе се нуди и со мотори со внатрешно согорување.

Оваа промена, според аналитичарите, е резултат на притисокот од реалноста на пазарот – скапите електрични автомобили, недоволната инфраструктура и растечката конкуренција од Кина, каде производителите нудат поевтини EV модели.

Новата насока на Брисел ја става Европа на поумерен и пореален курс: задржување на амбицијата за декарбонизација, но без исклучување на технологиите што можат да ја намалат зависноста од батерии и скапи суровини.

Покрај тоа, Комисијата најавува и проект за „европски kei car“ – компактни, достапни електрични возила што ќе се развиваат и произведуваат внатре во ЕУ, со цел да се спротивстави на растечката кинеска доминација.

Прегледот на регулативата треба да биде финализиран до декември 2025, а тогаш ќе стане јасно дали забраната од 2035 година ќе остане во сила или ќе се ревидира за да дозволи повеќе видови технологии.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја