Летото веќе почна, а иако уште не се достигнати најголемите температури, големите жештини следуваат. Со други зборови наскоро доаѓаат големите проблеми за сопствениците на автомобили.
Затоа е важно да се имаат предвид неколку совети за разладување на врелите автомобили пред да се седне во нив.
Заштита на автомобилот од сонце
Најдобро е да се тргне со превенција. Автомобилот би било добро да е паркиран под сенка, под некое дрво. При враќањето во возилото ќе ве дочека нешто попријатна атмосфера што ќе биде одлична база за брзо и ефикасно работење на климата. Исто така можноста за инвестирање во алуминиумска или друга заштитна фолија не е лоша опција. Ставањето фолија и на стаклените површини, првенствено на шофершајбната би го спречило влегувањето на сончевите зраци во патничкиот простор.
Вртење на воланот на страна
При паркирањето на возилото, волонот би било добро да е завртен на страна. Зраците од сонцето сакаат црни предмети, па така и управувачот е на директен удар. Со враќање на воланот на почетна позиција, местото каде што ви доаѓаат дланките нема да бидат на директен удар и воланот ќе биде попријатен за држење.
Проветрете го возилото пред движењето
Отворањето на совозачкиот прозорец и брзи туркање на вратата од кај возачот ќе создаде простор на низок притисок што ќе овозможи и брзо излагање на дишаниот и топол воздух од возилото. Повторување на оваа постапка шест до осум пати сигурно ќе помогне за брзо разладување на затоплената кабина.
Отворен прозорец или клима
Докажано е дека при мали брзини во услови на градско возење многу подобро е да решите да возите со отворени прозорци. Така циркулацијата на воздухот овозможува побрзо разладување на патничкиот простор додека за возење надвор од градот секако е подобро прозорците да бидат затворени. Таму климата ќе ја преземе задачата за поефикасно разладување на просторот.
Редовно одржување на клима уредот
За максимална исправност и искористување на сите благодети на клима уредот, пред топлотниот удар (најдобро во пролет), би било умно да се посети автомеханиар. Редовната контрола и чистење на системот секако е императив за исправна работа.