Шест едноставни совети како да се спречат сообраќајни несреќи

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се наоѓате зад воланот, многу е лесно управувањето на автомобилот да ви го одвлече вниманието што може да доведе до големи последици. Сепак, многу е важно да се одржува конентрацијата за време на возењето.

Мрежата од британските служби за помош на патот  GEM Motoring Assist, публикуваше шест едноставни совети за оние кои напуштајќи ја точката А сакаат да стигнат до точката Б без инциденти.

„Како возачи сме исправени пред многу фактори кои го одвлекуваат вниманието. Некои од нив се внатре во автомобилот, други надвор, а трети се кријат во нашите глави. Сепак, ние можеме да го намалиме нивниот број ако сакаме со помош на елементарната самодисциплина и разумно планирање на патувањето“, пишува инспекторот за патна безбедност Сандра Мекдоналд-Ејмс.

Оставете го телефонот на мир

Ако не е некоја посебна ситуација, тогаш немате потреба да користите телефон за време на возењето. Обидете се да го оставите подалеку, за да не можете да дојдете до него подоцна.

Некои возачи користат држач, а уредот го поставуваат во тивок режим. На тој начин графичката контрола нема да ви го одвлекува вниманието на патот, но може брзо да се користи во итни случаи ако е потребно.

Дестинација

Планирајте го патувањето предвреме и запознајте се со маршрутата. Навигацијата ќе биде неверојатен помошник доколку патувате до непознато место. Сепак, подобро е прво да ја проучите маршрутата на пример со помош на Google Streetview, така што подоцна улиците ќе ви изгледаат познати. Тоа ќе ви создаде чвувство дека веќе сте биле тука, сте ги гледаче сите раскрсници и на тој начин се намалува и стресот.

Избор на музика

Изберете однапред што ќе слушате за време на возењето независно дали е радио или музика со плејлиста. Тоа гарантира дека нема да има потреба вниманието да ви биде одвлечено од патот додека возите. Покрај тоа намалете го гласот до разумен минимум за да можете подобро да слушате што се случува околу вас.

Затворете го „ресторанот“ на тркала

Обидете се да се уверите дека сте јаделе пред да тргнете и не јадете за време на возењето. За подолги патувања планирајте редовни запирања, за да пиете течност и да јадете. Во автомобилите има држачи за чаши, но кога возите ризикувате доколку јадете и пиете.

Запирања

Навикнати сте да се занимавате со нешто за време на долгите патувања за да не заспиете за време на возењњето. Сепак, многу подобро е поправилно да направите редовни запирања на 15 минути на секои два часа или 160 километри. Дишете чист воздух, раздвижете се, пијте кафе, јадете лесно за да се освежите. Тоа е најефективниот начин.

Најдете работа за патниците

Доколку патувате со мали деца, уверете се дека имаат што да прават и дека нема да ви го одземаат вниманието. Тоа е многу важно доколку не сакате постојано да им одговарате на прашањето: „Стигнавме ли“? Поголемите деца треба да разберат дека е ризично да му го одземаш вниманието на возачот така што ќе можете да ги замолите да ви помогнат, а исто така и да го следат патот и знаците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK