Макпетрол подолг период континуирано инвестира во развој на нови технологии и производи што ќе овозможат повисок квалитет и подобри перформанси за потрошувачите, но истовремено во најголема можна мерка ќе ја заштитат природата. Најновите производи што веќе извесно време се нудат на бензинските станици низ земјава се Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power горивата.
Станува збор за надградба и подобрување на досегашните производи кои сега се со квалитет и според најстрогите стандарди на ЕУ. Цената на новите горива е иста како и на претходните, но овие се со подобрени карактеристики кои придонесуваат за подобри резултати, не само во намалување на потрошувачката, туку и во намалувањето на загадувањето.
Стратешка определба на Макпетрол во последните неколку години е производството и промоцијата на горива добиени од обновливи извори на енергија, во конкретниот случај Ultra Diesel Bio Power горивото. Компанијата може да се пофали дека во моментов е единствена на македонскиот пазар која на своите потрошувачи им нуди можност да користат вакво дизел гориво.
Новото премиум гориво на Макпетрол Ultra Diesel Green Power е надградба на досегашното Ultra Diesel Power Jet гориво. Како и досега тоа е кристално чист еуродизел добиен преку процес на филтрирање на дизел горивото преку филтри што се користат за филтрирање на авиогоривата, во комбинација со нови, најсовремени адитиви. Тие обезбедуваат многу поефикасно согорување што значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови.
Горивото Ultra Diesel Bio Power е предводник во поглед на заштитата на животната средина. Со развојот на ова гориво, Макпетрол го направи следниот чекор во примената на светските трендови и на пазарот со нафта и нафтени деривати нуди уште едно современо дизел гориво од кое подеднаква корист имаат животната средина и возачите.
Ultra Diesel Bio Power содржи 6% дизел гориво од висококвалитетно растително масло додека останатите 94% ги сочинува нашето кристално чисто Ultra Diesel Green Power гориво. На овој начин на пазарот се нуди горива со состав идентичен со дизел горивата што ги пропишува ЕУ, со цел да се зголеми уделот на енергија од обновливи извори.