Единствениот примерок на Alfa Romeo Mole Costruzione оди на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Единствениот примерок на Alfa Romeo Mole Costruzione Artigianale 001 кој беше изработен минатата година, а премиерно претставена на саемот во Женева.

Овој примерок на аукција ќе биде понуден на 25 мај која ќе се одржи во Вила Ерба, дворец од XIX век лоциран на брегот на езерото Комо, а истата организирана од RM Sotheby.

Овој модел има поминато само 40.000 километри, а во целост е изработен од страна на Умберто Палермо. Располага со 1.8 литарски турбо бензински мотор со 237 КС. Според спецификацијата до 100 км/ч забрзува за 4,1 секунда.

Почетната цена сеуште не е објавена, а дефинитивно се очекува да биде со шест цифри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK