Единствена во светот: Learmuzina – спој на авион и автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 40.000 часа работа било потребно за да може патничкиот авион од Leart да биде претворен во единствена луксузна лимузина која ќе може да се движи по патиштата во САД. Резултатот е авио-лимузина која ќе се најде на аукција во мај, а засега цената е непозната.

Еден Американец од Орегон со својот тим во последните 15 години постојано работел на планирањето и изработка на млазен патнички авион на тркала. Ова необично возило е спој на млазен авион од брендот Learjet и шасија склопена од неколку „донаторски“ автомобили.

За изработка на оваа „Learmuzina“ се потрошени вкупно преку 40.000 часа работа, а две години биле отидени само во истражување и планирање. Дизајнот е единствен во светот и патентиран, а возилото е дури и легално за возење по патиштата во САД, иако авторот вели дека примарната цел му е покажување на изложби и различни случувања.

Авионот-лимузина е долг 12,8 метри, а широк 2,4 метри. Од авионот се задржани трупот, вертикалниот стабилизатор и куќиштето на млазните мотори, додека за погонот, сепак, е задолжен 8,1 литарскиот Chevrolet Vortec V8 мотор со сила од 400 коњски сили. Од „млазните мотори“ можат да се слушнат звуци слични на оние какви произведувал овој авион. Лимузината ќе се двиѓи на 28 инчни гуми.

Во внатрешноста доминира модерна технологија и луксуз. Тука се четири камери за помош на возачот, многу декорации, ауди-видео систем со моќ од 17 kW, 42-инчен телевизор, кожни седишта…

Learmuzina ќе биде понудена на продажба на аукција која би требало да се одржи во Индијанаполис од 9 до 11 мај доколку коронавирусот го дозволи тоа. Со ова возило во пакет доаѓа и 13,5 метарска приколка за превоз како и пикап камион Chevrolet 2500 од 2015 година. Почетната, како и очекуваната цена за оваа аукција не се објавени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK